Bio2

Cards (56)

  • Животна средина
    Видот на почвата, температурата и климатските услови влијаат врз тоа каде ќе се насели некое живо суштество
  • Екосистем

    Систем од сите живи суштества (жива природа микроорганизми, растенија и животни), кои населуваат некоја област од нежива природа (поток, бара, езеро, морски брег, карпа, рамница, пустина и сл.)
  • Еколошки фактори
    • Биотички (живи)
    • Абиотички (неживи)
  • Биотички фактори
    Односите помеѓу живите единки населени на ист простор, вклучително и конкуренцијата, симбиозата, предаторството, човековата активност и сл.
  • Абиотички фактори
    Влијанијата на неживата материја, како светлината, температурата, влажноста, водата, воздухот, почвата, географската висина, загадувањето итн.
  • Различни единки или видови имаат различно поднесување за најразновидните фактори на средина
  • Оваа варијација ја претставува приспособеноста на организмот кон неговата средина
  • Пустини
    • Кратки дождовни периоди во текот на годината што се проследени со долги сушни периоди
    • Цветните растенија имаат многу краток животен циклус
  • Кактуси
    • Ги преживуваат сушните периоди со складирање вода во нивните тела
    • Имаат дебел восочен слој што не дозволува водата да испари од нивната површина
    • Имаат игличести листови што ги спречуваат животните да ги користат како храна
    • Имаат распространети корења во горните слоеви на почвата за да апсорбираат што е можно повеќе вода кога ќе настапи дождовниот период
  • Камили
    • Можат да преживеат неколку дена во пустината без да се напијат вода
    • Имаат задебелени копита за заштита од жешкиот песок
    • Имаат долги нозе за да го држат телото подалеку од најтоплиот воздух
    • Имаат развиени мускули за да ги затворат ноздрите за време на песочни бури
    • Имаат долги трепки за да ги заштитат очите во време на песочни бури
    • Имаат развиен трет очен капак за да ги тргнат зрната песок од очите
    • Користат резерви на маст од грпката кога не можат да најдат доволно храна
  • Планини
    • Долги и многу студени снежни периоди во кои растенијата не можат да растат, а на животните им се отежнува движењето и потрагата по храна
    • Растенијата преживуваат во форма на семиња што почнуваат со 'ртење штом настапат поповолни услови
    • Некои растенија преживуваат со помош на нивните влакнести листови што го спречуваат испарувањето на водата и заробуваат слој воздух што им користи како топлотна изолација
    • Растенијата растат ниско по површината на почвата за да не се оштетат под дејство на силниот ветер
  • Големи животни на планините
    • Се исхрануваат со растенијата во лето, но зиме се спуштаат во подножјата
    • Алпската кокошка ги менува своите пердуви за да може полесно да се камуфлира
    • Планинскиот зајак ја менува својата боја од кафеава во бела во текот на зимата
  • Водни живеалишта
    • Слатководни (мочуришта, реки) и морски (мориња, океани, брегови)
    • Некои водни растенија развиле отвори на стеблата за да го пренесат кислородот до корените
    • Водните растенија ги користат гасовите што ги произведуваат за да ги држат своите тела исправено во водата
  • Бумбар-нуркач
    • Ги подигнува тврдите крилја и зема воздух низ отворите за дишење поставени на грбот
    • Со спуштање на тврдите крилја, воздухот во вид на меурчиња се заробува и помеѓу влакненцата на грбот, што може да се искористи за дишење под вода
    • Има нозе во вид на весла за полесно пливање
  • Милијарди морски алги живеат во површинските слоеви на морињата и океаните до каде што продира сончева светлина
  • Водни растенија
    Ги користат гасовите што ги произведуваат за да ги држат своите тела исправено во водата и затоа не им се потребни цврсти потпорни ткива, како што е случај кај растенијата што растат на суво
  • Бумбар-нуркач
    • Дише воздух иако живее под вода
    • Ги подигнува тврдите крилја и зема воздух низ отворите за дишење поставени на неговиот грб
    • Со спуштање на тврдите крилја, воздухот во вид на меурчиња се заробува и помеѓу влакненцата на грбот
    • Овој воздух може да се искористи за дишење под вода
    • Нозете се во вид на весла со кои полесно плива низ водата
  • Животни близу до почвата
    • Бусенест плускавец
    • Кокошка што пие вода со своите пердуви
    • Големи листови на водни кринови што ги снабдуваат подводни корен со кислород
  • Морски алги
    • Имаат масни капки што им помагаат да пловат
    • Имаат трновидни израстоци што ја намалуваат брзината на тонење
    • Важно е да останат на површината на водата, каде што непречено може да добиваат сончева светлина за фотосинтеза
  • Биолуминисценција

    Создавање светлина кај живите организми
  • Во процесот на создавање светлина, со хемиски реакции се создава многу мало количество топлина, па затоа клетките каде што се случува тоа остануваат неоштетени
  • Организмите ја користат светлината
    За да се препознаат помеѓу себе или да најдат храна
  • Површината на Земјата е покриена со слој од карпи. Овој слој се нарекува Земина кора
  • Геолози

    Научници што ги проучуваат карпите
  • Материјали што ги проучуваат геолозите
    • Карпи
  • Минерали
    Различни материјали од кои се изградени карпите
  • Секој минерал е изграден од една хемиска супстанција
  • Гранит
    Карпа изградена од мошне крупни кристали од три минерали: кварц, фелдспат и лискун
  • Почва
    Надворешниот слој на Земјата што се состои од распаднати карпи и минерали
  • Почва
    • Им овозможува на растенијата со своите корења да се прицврстат на едно место во своето живеалиште
    • Ги обезбедува растенијата со вода и минерални материи потребни за раст
  • Состав на почвата

    • Ситни честички на карпи и минерали
    • Остатоци од растенија, животни и отпадни продукти (хумус)
    • Бактерии, габи и мали животни
  • Песоклива почва
    Почва што содржи големи количества песок
  • Глинеста почва
    Почва што содржи поголеми количества глина
  • Иловица
    Плодна песочно-глинеста почва што содржи 40% песок, 40% тиња и 20% глина
  • Песоклива почва
    • Има големи воздушни простори
    • Лесно ја пропушта водата и не ја задржува
    • Лесно се загрева и содржи многу малку хранливи материи
  • Глинеста почва
    • Нема доволно воздушни простори помеѓу ситните честички од глина
    • Лесно ја задржува водата во себе и не ја пропушта
  • Иловица
    • Содржи големи количества хумус што ги поврзува честичките, при што се создаваат грутки од почва
    • Има поголеми воздушни простори помеѓу почвените грутки што им овозможуваат на корењата на растенијата непречено да дишат и да растат надолу во почвата
    • Хумусот ја впива водата како сунѓер и ја задржува заедно со минералите растворени во неа и на тој начин ги прави достапни за растенијата
    • Водата лесно се цеди кон долните слоеви, но одредено количество сепак се задржува во почвата како резултат на присуството на глина
  • На површината на почвата се наоѓа потемен слој што се состои главно од остатоци на изумрени растенија
  • Почва
    • Меѓу нив има поголеми воздушни простори што им овозможуваат на корењата на растенијата непречено да дишат и да растат надолу во почвата
    • Хумусот ја впива водата како сунѓер и ја задржува заедно со минералите растворени во неа и на тој начин ги прави достапни за растенијата
    • Присуството на песок овозможува водата лесно да се цеди кон долните слоеви, но одредено количество сепак се задржува во почвата како резултат на присуството на глина, што е од особена важност во периодите во кои има мали количества врнежи
    • Овие карактеристики ја прават оваа почва идеална за одгледување на растенијата
  • Ако ископаш дупка во земјата, можеш да го видиш почвениот профил и да забележиш дека почвата е поделена на слоеви