акцент

Cards (38)

  • Акцент
    Нагласено, посилно, продолжено изговарање на еден слог во зборот
  • Акцентирање
    Нагласувањето на определен слог во зборот
  • Акцентиран слог
    Слогот врз којшто паѓа акцентот
  • Акцентен знак
    Знакот ( ' ) пред самогласката врз која паѓа акцентот во зборот
  • Зборовен акцент

    Акцент со кој се изделува еден слог од зборот
  • Акцентогени зборови

    Зборовите што се акцентираат
  • Неакцентогени зборови

    Зборови што не се акцентираат, клитики
  • Проклитики
    Клитики што стојат пред акцентогениот збор
  • Енклитики
    Клитики што стојат зад акцентогениот збор
  • Реченичен акцент
    Акцент со кој се истакнува еден збор во реченицата за да се даде некаква нијанса во значењето
  • Динамичен акцент
    Акцент што се карактеризира со зголемен интензитет на издишната (експираторна) воздушна струја
  • Мелодичен акцент
    Акцент што се карактеризира со промена на височината на тонот при изговорот на акцентираниот слог
  • Определен акцент

    Акцент што има точно определено место во зборот, при промена на формата на зборот акцентот останува на определениот слог
  • Слободен акцент
    Акцент што не е врзан за определен слог, може да се најде на првиот, вториот, третиот или четвртиот слог во зборот
  • Акцентот во македонскиот стандарден јазик
    • Динамичен акцент
    • Определен акцент, се наоѓа на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и повеќесложните зборови
  • Акцентот на сложените зборови (сложенките) во македонскиот јазик
    • Главно се акцентираат исто како и сите други зборови, со акцент на третиот слог од крајот на зборот
    • Постојат отстапувања од третосложното акцентирање кај некои типови сложенки
  • Примери на сложени зборови
    • к, остр'оумен
    • градон'ачалник
    • грозј'ебрање
    • казненоп'оправен
    • земј'оделец
    • знам'еносец
    • оч'евидец
    • лек'омислен
    • с'ончоглед
  • Сложени броеви за означување лица
    Со наставката -мина: дев'етмина, деветт'емина; дес'етмина, десетт'емина
  • Примери на сложени прилози
    • пр'етпладне
    • едноп'одруго
    • дв'ократно
    • дв'апати
  • Примери на сложени состави од заменски зборови
    • к'ој-годе
    • шт'о-годе
    • как'ов-годе
  • Примери на броеви што означуваат приближна бројност
    • два-трин'аесет
    • три-четир'иесет
  • Примери на сложенки составени од две заповедни форми
    • лапн'иголтни
    • молч'итолчи
    • падн'истани
    • тур'ипечи
  • Примери на имиња на празниците
    • В'елигден
    • М'итровден
    • П'етровден
    • Сп'асовден
  • Примери на сложени зборови од типот
    • југоз'апад
    • југо'исток
    • североз'апад
    • северо'исток
  • Примери на сложенки со прв елемент полу- и двосложни зборови
    • полул'ево
    • полу'остров
    • полуп'ијан
    • полуп'исмен
    • полус'енка
    • полус'естра
    • полут'емен
    • полут'опка
  • Примери на сложени зборови кај кои секој составен дел го чува својот акцент
    • амер'иканско-мак'едонски
    • 'англиско-мак'едонски
    • в'оспитно-обр'азовен
    • к'ултурно-пр'осветен
    • л'ека-п'олека
    • 'одвреме-н'авреме
    • 'увозно-'извозен
  • Примери на исклучоци од третосложното акцентирање кај зборови од домашно (словенско) потекло
    • вик'ајќи
    • бид'ејќи
    • организир'ајќи
    • пишув'ајќи
    • раскажув'ајќи
    • сак'ајќи
    • годин'ава
    • зим'ава
    • лет'ово
    • малк'уцка
    • олк'уцка
    • толк'уцка
  • Примери на зборови од туѓо потекло со отстапување од третосложното акцентирање
    • апс'ана
    • барут'ана
    • тарап'ана
  • Примери на сложени лични имиња со акцент на првиот слог од двете компоненти

    • Бр'анисл'ава
    • М'иросл'ава
    • Ст'анисл'ава
  • Примери на лични имиња и презимиња со акцент на вториот слог од крајот на зборот

    • Абдул'аќим
    • Афрод'ита
    • Габри'ела
    • Диј'ана
    • Ире'на
    • Исид'ора
    • Јулиј'ана
    • Адриј'ана
    • Кали'опи
    • Красим'ира
    • Линд'ита
    • Мер'ита
    • Сан'ела
    • Славом'ира
    • Те'ута
    • Теод'ора
    • Ад'еми
    • Бес'ими
    • Зек'оли
    • Јаш'ари
    • Пољ'оска
    • Рамад'ани
    • Стар'ова
  • Примери на македонски презимиња со акцент на вториот слог од крајот на зборот, образувани со суфиксите -ев(-а)/-ов(-а)
    • Аксент'иев
    • Алекс'андров
    • Дрвош'анов
    • Магл'ешев
  • Примери на македонски презимиња со акцент на вториот слог од крајот на зборот, образувани со суфиксите -ски(-а)/-цки(-а)/-чки(-а)/-шки(-а)

    • Ажд'ерски/Ажд'ерска
    • Ајд'арски/Ајд'арска
    • Џамб'аски/Џамб'аска
    • Карав'ецки/Карав'ецки
    • Пат'ацки/Пат'ацка
    • Тро'ицки/Тро'ицка
    • Ал'ачки/Ал'ачка
    • Парм'ачки/Парм'ачка
    • Ра'ички/Ра'ичка
    • Коч'ишки/Коч'ишка
    • Мрен'ошки/Мрен'ошка
  • Примери на странски лични имиња и презимиња со акцент на првиот слог од крајот на зборот

    • Андр'е Вај'ан
    • Верл'ен (Пол)
    • Диоклециј'ан
    • Дон Жу'ан
    • Наполе'он
    • Одис'еј
    • Октавиј'ан
    • Паст'ер
    • Промет'еј
    • Сен-Сим'он
    • Фердин'анд де Сос'ир
  • Примери на странски лични имиња и презимиња со акцент на вториот слог од крајот на зборот

    • Алиги'ери
    • Артем'ида
    • Верг'илиј
    • Вас'илиј
    • Досто'евски
    • Макијав'ели
    • Нострад'амус
    • Тутатанк'амон
    • Џуз'епе
  • Примери на македонски топоними со акцент на вториот слог од крајот на зборот

    • Добр'ејци
    • Прд'ејци
    • Рад'ожда
    • Трп'ејца
  • Примери на географски имиња со акцент на вториот слог од крајот на зборот

    • Апен'ини(те)
    • Ард'ени(те)
    • Кар'иби(те)
    • Карп'ати(те)
    • Пирин'еи(те)
    • Хав'аи(те)
  • Примери на имиња на држави, региони, градови и нивни жители со акцент на првиот слог од крајот на зборот

    • Азербејџ'ан (Азербејџ'анец, Азербејџ'анка)
    • Таџикист'ан (Таџикист'анец, Таџикист'анка)
    • Борд'о (бордо'анец, бордо'анка)
    • Диж'он (диж'онец, диж'онка)
    • Стразб'ур (стр'азбурец, стр'азбурка)
  • Примери на имиња на држави, региони, градови и нивни жители со акцент на вториот слог од крајот на зборот

    • Аргент'ина
    • Гвин'еја
    • Грен'ада
    • Екв'адор
    • Мал'аја
    • Мар'око
    • Најр'оби
    • Бол'оња
    • Ел'ада
    • Сан Ди'его
    • Сан Франц'иско
    • Хирош'има