Bones in the skeletal system protect vital organs.
Скелетот на бутот го сочинува бутната коска femur, таа е:
Бутната коска е најголема коска во нашето тело, нејзината должина изнесува околу една четвртина од висината на телото
На бутната коска се опишуваат тело и два краја, типично за долгите коски!
Corpus Femoris е телото на бутната коска, на него како и на секоја коска имаме латерален, медијален и заден дел.
Горниот крај Extremitas proximalis на бутната коска, се состои од глава на бутна коска (caput femoris) врат на бутната коска (collum femoris) , голем трохантер и мал трохантер.
Главата на бутната коска или caput femoris е топчеста зглобна површина која е насочена кон внатре и се зглобува со ацетабулумот од карличната коска и припојува со lig.capitis femoris.
Collum femoris или вратот на бутната коска се протега косо и е долг околу 3,5-5цм. Предната страна е латерално ограничена со linea intertrochanterica, и се припојува за лигаментот iliofemorale
Задната страна на вратот од фемурот е подолга од предната, латерално е означен со гребенот crista intertrochanterica.
Trochanter major или големиот трохантер се наоѓа латерално од вратот на фемурот и претставува едно испакнување.
Trochanter major има 2 страни : медијална и латерална и 4 раба.
Малиот трохантер или Trochanter minor е помало испакнување кој се одвојува од задниот долен дел на вратот.
Extremitas distalis или долниот крај на бутната коска е помасивен од горниот, изграден е од две масивни испакувања веќе познати кои се наречени надворешен и внатрешен епикондил.
Надворешниот и внатрешниот епикондил condylus medialis et lateralis поседуваат зглобни површини што се наменети за тибијата. Двата кондили напред се споени со facies patellaris, а назад со fossa intercondylaris
Секој кондил има 3 страни: долна или зглобна, длабока, поткожна
Долната страна од епикондилот е испакната и се зглобува со facies articularis superior од тибијата
Поткожната страна е нерамна и најистакнат дел е epicondylaris medialis et lateralis. На латералниот епикондил се припојува lig. collaterale fibulare , а на медијалниот епикондил lig. collaterale tibiale
Patella ја претставува чашката на коленото и претставува најголема сезамоидна коска во човечкото тело.
На предната страна пателата се припојува со лигаментот lig.patellae
На рабовите на пателата се припојуваат и патералните крилца retinaculum patellae mediale et laterale
Задната страна од чашката одговара со синовијалната капсула од коленовиот зглоб membrana synovialis capsulae articularis.
Tibia преставува голеница која е масивна, парна и долга коска. Поставена е медијално во составот на потколеницатаи ја пренесува тежината на телото до стопалото.
Телото на тибијата corpus tibiae има 3 страни: внатрешна, надворешна и задна.
Горниот крај на тибијата или extremitas proximalis superior е помасивен од долниот изграден е од condylus lateralis и condylus medialis коишто можат да се напипаат при флекција на коленото.
Доленот крај на тибијата e extremitas distalis inferior
На горната страна од тибијата имаме 2 зглобни површини кои заедно ја формираат горната зглобна површина facies articularissuperior.
Бидејќи горната страна да тибијата е многу плитка, затоа меѓу нив се вметнати менискусите meniscus lateralis et medialis
На горниот крај од тибијата се наоѓа средишен рапав дел кој е изграден од eminentia intercondylaris , предно интеркондиларно поле area intercondylaris anterior и задно интеркондиларно поле area intercondylaris posterior
Интеркондиларното возвишување не наоѓа во средината помеѓу зглобните површини и е изградено од две џумки tuberculum intercondylare mediale et laterale.
Area intercondylaris anterior претставува триаголна и рапава површина на која се припојува предната страна од менискусот.
Area intercondylaris posterior преставува помала и триаголна површина која се припојува од задниот рог од латералниот менискус.
На врвот се наоѓа нерамнината на тибијата или tuberositas tibiae што се припојува за lig. patellae.
Долниот крај од тибијата е наречен Extremitas distalis inferior и е помал во односот на горниот , на него се опишуваат база и 4 страни.
Базата на долниот крај од тибијата е преставена со долната зглобна површина facies articularis inferior
Долниот надворешен крај на тибулата поседува засек incisura fibularis кој служи за припојување со долниот крај на фибулата.
Внатрешната страна на долниот крај од тибијата продолжува со malleolus medialis, и на него се опишува зглобна површина facies articularis malleoli.
Fibula или лисница е тенка, парна коска и е поставена латерално од тибијата во состав на потколеница.
На фибулата се разликуваат тело со 2 краја исто како и на секоја долга коска. Corpus fibulae, extremitas proximalis superior и extremitas distalis inferior.
Телото на фибулата corpus fibulae е долго, тенко и изгледа како усукано. Тој брои 3 страни. Надворешна, внатрешна и задна.
Во внатрешната страна на телото на фибулата имаме меѓукоскен раб margo interosseus.