Dr.P

Cards (941)

  • Прв кој претпоставил дека постои некоја најмала честичка од која се изградени супстанците бил Леукил
  • Демокрит (Demokrit, 470 – 380 пр.н.е.) прв го вовел поимот атом
  • Демокрит сметал дека светот е составен од празнина и материја која го исполнува, а материјата е составена од честички – атоми кои не можат да се делат
  • Првата експериментално базирана теорија за атомската структура била предложена од Џон Далтон (John Dalton) на почетокот на XIX век
  • Експериментите на Вилијам Крукс (Vilijam Kruks) и Еуген Голдштајн (Eugen Goldstein) покажале дека атомот е составен од наелектризирани честички: протони и електрони, а дека третата фундаментална атомска честичка е неутронот, ненаелектризирана честичка
  • Атомот е составен од три основни честички: електрон, протон и неутрон
  • Јадро
    Мал, густ, позитивно наелектризиран регион во центарот на атомот, составен од позитивно наелектризирани протони и ненаелектризирани неутрони
  • Електронска обвивка
    Дифузен регион на негативен полнеж во кој се наоѓаат електроните
  • Атомот е електронеутрална честичка, па поради тоа лесно може да се заклучи дека бројот на протони и електрони во еден атом е ист
  • Различните атоми имаат различен број протони и електрони
  • Атомите кои имаат еднаков број протони и електрони имаат исти карактеристики, така што за нив велиме дека се атоми од ист вид ,или еднородни атоми
  • Бројот на протоните, во јадрото не се менува
  • Множеството атоми со ист број протони се означува како хемиски елемент
  • Иако се многу мали, атомот и честичките од кои тој е изграден имаат маса
  • Масата на протонот е приближно еднаква со масата на неутронот, а електронот има околу 1840 пати помала маса од нив
  • Целата маса на атомот потекнува од протоните и неутроните и се наоѓа во атомското јадро
  • Еден атом има пречник од околу 10–10m (= 0,1 nm = 100 pm)
  • Атомското јадро има пречник од 10–15m (или 1 fm, фемтометар)
  • Атомски број (Z)
    Број на протони во јадрото = број на електрони
  • Масен број (А)

    Сума на протоните и неутроните
  • Има атоми чиј реден број е ист, всушност тоа се атоми на еден ист елемент кои имаат различна маса, односно различен масен број и бидејќи имаат различен број неутрони, наречени се изотопи
  • Изотопите на еден елемент можат да бидат стабилни и нестабилни (радиоактивни)
  • Атом
    Карактеризиран преку составните елементарни делови кога ќе се додаде покрај редниот број и масениот број
  • Изотопи
    Атоми чиј реден број е ист, но имаат различна маса, односно различен масен број и различен број неутрони
  • Изотопи на водород
    • 1
    1H
    • 2
    1 H
    • 3
    1 H
  • Првите два изотопа на водород се стабилни, додека тритиумот е радиоактивен
  • Изотопи на јаглерод
    • 11
    6 C
    • 12
    6 C
    • 13
    6 C
    • 14
    6 C
  • Само 11
    6 C и 14
    6 C се радиоактивни
  • Составот на изотопите во природата практично е константен
  • Изотопски состав на некои елементи
    • Водород: 99,99% 1
    1H и 0,01% 2
    1H
    • Јаглерод: 98,9% 12
    6 C и 1,1% 13
    6 C
    • Хлор: 75% 35
    17 Cl и 25% 35
    17 Cl
    • Калај: 10 изотопи
    • Фосфор: 15P е чист елемент
  • Поради староста на Земјата, присутноста на изотопите е мала и ако не се обновува, уште повеќе ќе се намалува
  • Јони
    Наелектризирани честички создадени кога електроните ќе го напуштат атомот или ќе се присоединат кон него
  • Анјони
    Негативни јони создадени кога атом прима еден или повеќе електрони
  • Катјони
    Позитивни јони создадени кога атом губи еден или повеќе електрони
  • Јоните со повеќе позитивен полнеж се помали од соодветниот монопозитивен јон, а јоните со повеќе негативен полнеж се поголеми од соодветниот мононегативен јон
  • Јонизациска енергија
    Енергија потребна да се отстрани еден електрон од атомот
  • Електронски афинитет
    Енергија која се ослободува при додавање на еден електрон во неутралниот атом во гасна состојба
  • Хемиски елемент
    Материја која се состои од ист вид атоми со ист реден број
  • Постоечките елементи (досега 109) имаат и кратенка (симбол)
  • Кај елементите со мали редни броеви бројот на протоните и неутроните се совпаѓа, за разлика од елементите со повисоки редни броеви кои имаат прекумерно многу неутрони