морфологија општо

Cards (31)

  • Морфологијата е дел од науката за јазикот (лингвистиката)
  • Морфологија
    Се занимава со проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното граматичко значење
  • Морфологијата се занимава само со надворешната форма на зборовите – нивната градба и поделбата во групи според граматичките својства
  • Лингвистички дисциплини тесно поврзани со морфологија
    • лексикологијата
    • зборообразувањето
    • морфосинтаксата
  • Морфема
    Помали делови од кои се составени зборовите: гласови, слогови и морфеми (значенски делови)
  • Деловите од кои се состои еден збор, а кои се носители на некое значење (лексичко или граматичко) се наречени морфеми
  • Менливи зборови
    • именки
    • придавки
    • заменки
    • броеви
    • глаголи
  • Неменливи зборови
    • прилози
    • предлози
    • сврзници
    • извици
    • честици
    • модални зборови
  • Морфема
    Деловите на зборот што имаат некакво значење
  • Општ дел (корен)

    Делот од зборот, кој е носител на значењето на поголема група зборови
  • Наставки
    Деловите што му се додаваат на општиот дел (коренот) на зборот
  • Претставки
    Деловите што стојат пред коренот
  • Основа
    Кога зборовите ги разгледуваме во рамките на определен вид (именка, глагол, придавка) тогаш, освен општ дел (корен) на зборот, издвојуваме и основа на зборот
  • Основен вокал
    Кај глаголите се разликуваат три дела на зборот: општ дел (корен), основен вокал (самогласка) и наставка
  • Изведбени, зборообразувачки наставки
    Со кои се создаваат зборови со ново значење
  • Граматички наставки
    Не го менуваат значењето на зборот, туку му даваат само надворешни белези
  • Морфосинтаксата е поддисциплина на лингвистиката
  • Морфосинтакса
    Премин од морфологијата кон синтаксата
  • Морфологија

    Се занимава со структурата на збороформите
  • Синтакса
    Се занимава со способноста на збороформите да воспоставуваат врски со други збороформи и да формираат синтаксички единици
  • Функции на зборовите во реченицата
    • подмет
    • глаголско-именски прирок
    • дополнение (атрибут – на именката и предмет – на глаголот)
    • дел од глаголско-именскиот прирок
    • додаток
  • Морфосинтаксата се занимава со функцијата на видовите зборови во реченицата
  • Морфема

    Делови од зборот со лексичко или граматичко значење
  • Видови морфеми
    • Корен
    • Афикси
  • Видови афикси
    • Префикс (претставка)
    • Суфикс (наставка)
    • Интерфикс
    • Флексија
  • Збороформа е варијантата на зборот која се наоѓа во различни контексти.
  • Збороформа е збор кој не го менува своето основно значење, но во зависност од опкружувањето добива различни граматички белези.
  •  Корен (коренска морфема) е општиот дел кој повеќе не може да се дели и кој е носител на значењето на група зборови.
  •  Афикси  се додатоци на општиот дел (коренот) кои служат за изведување на нови зборови (зборообразувачки) или за граматички (формообразувачки) ознаки.
  • изведбени(зборообразувачки)морфеми
    а) префикс (претставка) – влегува во составот на основата и се наоѓа пред коренот;б) суфикс (наставка) – се наоѓа зад коренот, а пред флексијата;в) интерфикс – се наоѓа меѓу две коренски морфеми.
  • граматичка(формообразувачка)морфема
    г) флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (ја означува промена на род, број, лице, вид итн.)